Архитектонското студио MMX Arcitects и архитектот Jord den Hollander создадоа 6,5 метри високи хотелски соби во форма на буквите B-O-T-E-L поставени на врвот на брод во Амстердам. Секоја од буквите е во црвена боја и секоја од нив е уредена од посебен дизајнер. Па така, буквата B e дизајнирана од страна на Richard Hutten, потоа Ronald Hoofd инспириран од книгата L’ Histoire d’O for O го претвара просторот во една оаза на смиреност. Дизајнерот Jord den Hollander во буквата Е го сместува најмалото кино во Холандија.