Минатиот викенд, холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сакана Амал Аламудин го кажале судбоносното „да“ на приватна церемонија во прекрасниот хотел Aman Canal Grande во Венеција.
Хотелот од седум ѕвезди, ги отвори своите врати на познатиот актер и убавата адвокатка за приватна церемонија со избрани гости. Следниот ден беше склучен граѓански брак во Градското собрание.
Хотелот, кој дише со традиција и луксуз, е сместен во еден од најстарите делови на градот, со поглед на Canal Grande, во областа Сан Поло позната по своите прекрасни палати, цркви и пазар. Влезот во хотелот од страна на каналот е дозволен само за највлијателни гости, тој води во фоајето и се стигнува до рецепцијата, во просторија полна со антички светилки, високи тавани и црно-бели мермерни подови, и е дозволен премин директно во приватната градина.
Прекрасни скали го поврзуваат предворјето со елегантен lounge простор и салон. Ентериерот датира од 1865 година кога го уредувал Микеланџело Гугенхајм и го опремил со екстравагантен антички мебел. Совршен простор за голема свадба со гости од таканаречената А-листа.