Инспириран од лековитите својства на истоимената билка, хотелот The Mandrake го освои цел Лондон, давајќи им можност на своите патници намерници да доживеат сосема необичен одмор…
Лондон е неверојатен град: космополитски, жив и една од неколкуте модни метрополи во светот, а хотелот The Mandrake совршено се вклопува во таа состојба на умот. Во прашање е предизвикувачки, уникатен и трендовски концепт, па дури и зградата во која се наоѓа добила RIBA награда.
Сместен во центарот на Лондон, на само две минути од познатата улица Оксфорд, овој луксузен имот добил навистина софистициран декор. При создавањето на хотелот The Mandrake, ништо не било оставено на случајноста: интригантните звучни пејзажи се создадени како дел од инженерот за звук, Пјер-Арно Алуни, додека дури и мирисите кои го карактеризираат се специјално дизајнирани од Azzi Glasser, за да се креира интимен и инспиративен амбиент во кој можете да се восхитувате на приватни уметнички колекции.
Хотелот The Mandrake во својата понуда има триесет и четири соби, три апартмани и еден пентхаус. Зафаќајќи четири ката, хотелот има прекрасен централен двор кој го потпишуваат реномираните пејзажни архитекти Bureau Bas Smets. Ова парче рај во срцето на Лондон е зелено благодарение на бројните јасмини и пасифлори.
На првиот кат, гостите можат да се препуштат на погледот од висина, благодарение на терасата, каде ќе откријат цела стаклена градина исполнета со егзотични растенија во која ќе можат да се релаксираат или да уживаат во вечерата. Тимот на ресторанот Serge et le Phoque со Мишелин ѕвезда од Хонг Конг го освои европскато тло со отворање на својот прв простор во The Mandrake. Со доволно места за осумдесет лица и приватен павилјон за вечера со дополнителни 16 столици, ресторанот секој ден воодушевува со убави и автентични деликатеси.