Насловна / Архитектура / Хотелот Pino Nature на десет минути возење од Сараево

Хотелот Pino Nature на десет минути возење од Сараево

На десет минути возење од центарот на Сараево, хотелот Pino Nature се наоѓа на падините на планината Требевиќ на 1.070 метри надморска височина.

3

Изграден во 2015 година на урнатините на омиленото сараевско место за излет Први шумар, овој објект е проект на архитектонското биро Студио Зец, односно на главниот архитект Амир Вук со соработниците Санела Белко, Дарио Бојаниќ и Белма Јусуфовиќ.

8

Одговорно градење на планина

Композициски, хотелот Pino се состои од примарен хоризонтален кубус, во кој се сместени јавните содржини и вертикален кубус- кула, која содржи исклучиво соби за гости.

10

Циркулацијата на гостите доминира во главниот кубус кој содржи влезна партија, велнес со базен, конгресни сали, игротеки и ресторан, како и соби за гости сместени по обвивката на волуменот, кои примаат дневна светлина преку додадените шилци.

2

Како што наведуваат авторите, одговорното градење на планина бара прилагодување на климатските и просторните околности, а лекциите од локалниот народен архитектонски јазик биле клучна инспирација во формирањето на надворешноста на објектот.

1

Стрмните шилци на фасадата се интерпретација на крововите на селските куќи и силуетата на боровите дрвја. Главниот волумен мирува на основа обложена со камен – повторно цитирајќи ја традицијата и трипартитната поделба на композицијата на објектот – нозе/тело/глава – камен/дрво/стакло.

4

Од предходните искуства на сараевските архитекти, дрвената шиндра се покажала како одржлив, издржлив и економичен материјал за покривање на планина.

Носечката конструкција на објектот е армиран бетон – дуализмот на овие два материјали дополнително се интерпретира низ ентериерот – топлите дрвени површини зборуваат со рустично грубиот бетон.

13

Топлина и интимност во голем објект

На претходно опишаната тактилност на употребените материјали се спротивставува употребата на фото-тапет – сликата сепак се враќа во архитектурата како сценографско-декоративен момент.

12

Како како архитект, да внесете топлина и интимност во голем објект? Според авторите, рецептот се крие во поделбата на големите ентериери на помали, со човечки размери, транспарентна, но поврзана сценографија, бидејќи, како што велат, интимноста започнува во сопствено катче – секому свое катче.

11

14

15 5 7 6

Испрати коментар

Scroll To Top