Хотелот Пендри е еден од новите хотели во Сан Диего кој со својата префинетост и модерна атмосфера нема да остави никого рамнодушен.
Хотелот преполн со уметност, со големо лоби, прекрасна кујна и кафуле во знак на софистицираната култура на Сан Диего.
Хотелот располага со повеќе од 300 соби, шест ресторани и барови, спа, велнес и ноќен клуб. Хотелот нуди чувство на удобност и едноставност. Базенот во хотелот е голема атракција во текот на летната зона, затоа што истиот е познат и како центар за забава.
Специфичните детали за тапетите, столчињата, совршениот поглед кон базенот, се само дел од карактеристиките по кои е познат овој хотел.
Fifth and Rose е неверојатен бар надвор од лобито со розови столчиња кои се гламурозни, а сепак софистицирани. Станува збор за навистина луксузен хотел во сопственост на Montage.
АВТОР: САЊА ВЕЛКАКОВА