Преноќување и живеење како во времето на Германската Демократска Република (ГДР) денес е можно само во еден хотел – „Остел“, кој се наоѓа во Берлин. На сопствениците им требало многу време за да дојдат до оригинален мебел и тапети за опремување на 60-те соби. Но, се исплателе напорите за таа бизнис-идеја. Посетеноста на хотелот е на завидно ниво. „Луѓето сакаат да доживеат како било порано“, вели Даниел Хелбих, еден од менаџерите на хотелот. Многумина посетители сакаат „живот во забавено темпо“, без телевизор, телефон или друг луксуз, уверува Хелбих. И денес, 25 години по падот на Берлинскиот ѕид, се забележува „осталгија“ (германски израз за носталгија по Источна Германија). Цвета интернет-трговијата со продукти од негогашната ГДР. Најголема е побарувачката за прехранбени продукти според рецепти од тоа време: сенф од Бауцен, краставички од Шпревалд, сурогат-кафе од јачмен, кока-кола како копија на американскиот оригинал или чоколада во форма на топка.
Но, враќање во времето на ГДР сепак посакуваат само 10 – 15 проценти од 16-те милиони жители на некогашната ГДР (Источна Германија). Тоа го потврдуваат анкетите на германските истражувачки институти. Мнозинството се радува дека денес во повторно обединетата Германија ужива поголема благосостојба отколку во годините на ГДР (1949 – 1990).