Хотелот Каби ги одразува зборовите на големиот естонски дизајнер Бруно Томберг кој вели: „Шумата е мојата катедрала“. Сместена на територијата на историски имот од 15 век, оваа необична градба е добро скриена од погледот за да им обезбеди на своите посетители совршен мир и релаксација.
Сè што може да се очекува од удобен и инспиративен престој е изградено на само 38 квадратни метри од архитектите Мари Хант и Арви Андерсон од бирото b210 со седиште во Талин. Изборот на дизајнот потекнува од локалната традиција на градењењ од дрво, но резултатот нуди впечатлив и многу современ изглед, што можеби и не го очекувате додека шетате низ шумата и се приближувате до хотелот.
Целта на создавањето на ваков хотел е на гостите да им се обезбеди тивко и мирно место за бегство од урбаниот свет, дом затскриен во природа и средина што ќе ги натера посетителите да размислуваат за флората и фауната на малку поинаков начин. Со други зборови, овој простор создава чувство дека природата непречено тече од надвор кон внатре, а тоа е највпечатливото нешто што може да се почувствува додека се престојува во објектот.
Намерата на архитектите е на посетителите на хотелот да им овозможат максимална удобност, но тоа не значи затворање на луѓето внатре и бегство од природата што дошле да ја истражуваат. Напротив, овој хотел обезбедува топлина среде студена пролет или снежна естонска зима, и поканува да се втопите во околните шуми и мочуриштата сместени на брегот од реката.
Хотелот Каби е наменета за еден, максимум двајца посетители истовремено и се наоѓа подалеку од другите згради, обезбедувајќи максимална приватност. Во зима и пролет, погледот од вилата се отвора кон реката во далечината, додека во лето, додека бујното зеленило преовладува во околината, сместувањето станува поинтимно и поскриено. Хотелот е совршен пример за архитектура која на никаков начин не ја нарушува околната природа, туку ја користи сета достапна технологија за да биде што е можно понежна.
Недопрена природа се повеќе станува луксуз во свет во кој 75 отсто од луѓето веќе живеат во градови: искуството на осаменост во природа, медитативниот простор што природата толку лесно го пружа, е нешто што треба да се негува.