Хотелот Бахаумонт во Париз е од оние ретки хотели кои нудат незаборавно искуство. Во комбинација со туристичките атракции, хотелот е место каде што ќе се чувствувате раскошно и удобно.
Внатрешните ентериери ве враќаат во една мината ера на гламур. Собите се мали, но нудат неверојатно чувство на удбност и префинетост. Хотелот изобилува со својата раскошна убавина, благодарејќи на широките балкони и елегантниот декор.
Хотелот Бахаумонт е соврешно место за уживање во дождливите ноќи. Локацијата на овој хотел е окружена со најдобрите вински барови, кафулиња и ресторани. Хотелот има одличен ресторан на приземје, пријатен бар низ ходникот и мала теретана во подрумот.
Персоналот е млад и одлично зборува англиски. Постелнините се богати со памук, наслоните се тапацирани со ткаенини од Пјер Фреј, а бањите во ретро стил со винтиџ плочки се добро уредени. Прекрасните детали, отворената кујна со блескави бакарни тенџериња и современата ресторанска храна привлекува паметна и модерна публика во ресторанот.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА