Додека велнес просторите се издлабени од природни пештери, терасите и бесконечните базени се вгнездени на карпестиот брег на грчкиот остров Крит. Овие моменти се меѓу многуте што го дефинираат Acro Suites, велнес и јога одморалиште кое е интегрирано во идиличниот пејзаж, пишува Designboom.
Хотелот е основан од сестрите Danae и Konstantina Orfanake, а го проектирале заедно со грчкото архитектонско биро Utopia Hotel Design. Името го добил од грчкиот израз akros/akron што значи „на работ“ – соодветен термин со оглед на неговата положба на самиот раб на карпа и неговиот поглед кон синото Егејско Море.
Хотелот Acro Suites на Крит се состои од 49 проѕирни вили, од кои секоја гледа кон морето низ застаклен ѕид. Меѓу овие единици се и апартманите Cave Suites кои завземаат пештери во карпите кои се издлабени од критски скулптори. Внатре, посетителите се обвиени со тежок, текстуриран камен што укажува на природно еродираната карактеристика на пејзажот. Во меѓувреме, погледите на океанот се врамени со грубиот отвор за влез во пештерата.
Фокусната точка на хотелот Acro Suites на Крит е духот на благосостојбата. Престојот од 500 фунти по ноќ вклучува целосен велнес начин на живот – часовите по јога и фитнес се одржуваат под драматичниот, засводен кров од бамбус на зградата Asana Yoga Shala. Бања во стилот на аман вклучува сауна, соби за третмани, два базени и спа.
Заедничките простори проектирани се да зрачат со спокојство и едноставност. Проектантот на ентериерот Manos Kipritidis, тесно соработувал со сопствениците на ресторанот Cremnos и коктел барот, The Circle, за да го интегрира локалниот дизајн и околината – резултатот е истовремено минималистички и чист, со прецизно внимание посветено на деталите.