Новоотворениот бутик-хотел Arcade Hotel во Амстердам не е наменет за класичниот тип на туристи. Неговиот дизајн, идеја и изведба најповеќето ќе ги ценат вистинските гејмери, со оглед дека целиот хотел е дизајниран посебно за оваа целна група, но, се разбира, вратите се отворени и за сите останати.
Модерниот ентериер е инспириран од индустрискиот дизајн, што значи мноштво на голи тули, дрва и општ минимализам, а секоја од 36-те соби, коишто постојат во еднокреветни, двокреветни и четворни аранжмани, има различни конзоли и игри, кои ќе ги забавуваат гостите – од стариот добар Тетрис до модерниот Xbox, со што гостите нема да излезат од хотелот разочарани.
За да компетитивниот гејмерски дух доживее имаше својот полн потенцијал, тука се и заедничките простории, каде што гостите можат да играат едни против други, или здружени во сојузи.
Покрај најновите и најсовремени конзоли за игри, тука е и големата колекција на ретро уреди, а во пауза од играње гостите можат да уживаат во стрипови, релаксација во барот, изнајмување на велосипеди и да се истражува градот.