Сме виделе секакви можни чуда кога се во прашање хотелски комплекси. Ги има такви кои се граничат со фантазијата, но и такви кои во природни услови и со малку фантазија се претвориле во нешто неверојатно. Монтана Магика Лонџ (Montaña Mágica Lodge) е неверојатно дизајниран хотел на приватен имот во природниот резерват Хило во Чиле, на југот на Андите. Нуди мистичен крајолик на природна основа кој може да се доживее само еднаш.
Целиот хотел има пирамидална структура, односно конусна и изгледа како вулкан. Наместо лава од врвот на вулканот, тече вода во вид на скалест водопад покрај еден од ѕидовите. Од спротивната страна може да се ужива во вистински вулкан кој се наоѓа во областа Аренал.
Монтана Магика Лонџ е хотел како никој друг во светот. Освен надворешноста која е фантастична има што да се види и внатре. На пример, цевки за вода кои се направени од дрво, мајмунски мост кој е единствениот влез за хотелот и мали прозорци кои гледаат низ густата шума. Освен ова градежно чудо, може да се видат и чудни животински видови во близина на хотелот како што е еленот Пуду кој е голем само половина метар и се смета за најмалиот во светот. Според податоците, едно ноќевање во овој хотел чини од 250 до 400 долари.