Виетнамското архитектонско биро TAA DESIGN проектирало хотел кој има серија „летечки зелени блокови“ во Phu My town, Ba Ria Vung Tau, Виетнам.
Наречен The Flying Block Hotel, хотелот од 1.200 квадратни метри се состои од сместувачки единици и одморалишта за професионалци кои живеат и работат во Phu My town.
Градот има најголема концентрација на индустриски зони во провинцијата Ba Ria Vung Tau со многу фабрики на тешка индустрија и контејнерски пристаништа. Подобрувањето на квалитетот на животната средина е во фокусот на проектот.
TAA DESIGN добиле нарачка да проектира хотел за да обезбеди сместувачки единици кои ќе бидат препознатливи во околината.
Хотелот, кој има земјени тонови, има балкони кои извираат од секоја точка во различни големини и зелени елементи.
Бирото го започнало својот дизајнерски концепт со идејата да создаде „летечки блокови од зеленило“.
Димензиите на балконите се со ширини од 2 и 3,5 метри, кои се менуваат во зависност од димензиите на фасадата.
Според архитектите, целта на балконите е да обезбедат разновидни активности на отворено, како што се градина, подигнато игралиште, кои се интегрирани во секој простор за да понудат природно искуство и релаксација по работниот ден во индустриската зона.
Блоковите се распоредени скалесто за да создадат вертикални простори кои овозможуваат дрвјата да растат и да се развиваат, а исто така создаваат жив ритам на фасадата.
Основата е поделена на четири блока, при што сообраќајната лента служи и како природен вентилациски отвор за да се зголеми протокот на воздух. Комбинацијата на проширените блокови и големите дрвја обезбедуваат сенка на површината на зградата.
„The Flying Block Hotel е дизајнерско решение кое има за цел да го подобри квалитетот на живеење во висококатниците во урбаните средини“, велат од TAA DESIGN.