Грузискиот архитект Сандро Такашвили преуредил станбена зграда во Тбилиси во хотел, со ентериери засновани на неговата љубов кон киното и филмските проектори во сите 16 соби.
Хотелот Blueberry Nights во главниот град на Грузија, во квартот Вера, завзема три ката над ресторан и има театарска шема на бои, јапонски мебел и расположено осветлување.
„Дизајнот на хотелот е кулминација на целокупното мое животно консумирање филм“, изјави ко-основачот на хотелот Сандро Такашвили за Dezeen.
„Мојата намера е да направам луѓето да се чувствуваат како да се во филм, каде што сè е помалку познато, но во исто време и туѓо“, вели архитектот, кој претходно работел како сценограф, режисер и фотограф.
Хотелот го добил името по My Blueberry Nights – филм на хонгконгшкиот режисер Wong Kar-Wai – и вклучува визуелни референци на работата и на други реномирани режисери, вклучувајќи го и Стенли Кјубрик.
Главното лоби е дизајнирано да изгледа и да се чувствува како пријатно лоби на кино, надополнето со темно сини теписи, мебел од орев и седишта обложени со кадифе. Гостите можат да се пријават на голема рецепција обложена со плексиглас инспирирана од ретро-футуристички филмови.
„Од моментот кога гостите ќе влезат низ вратата, започнува чудникавото кинематографско патување со темно сини теписи, светла и меки звучни записи од дијалози од филмови кои се пуштаат во фоајето“, велу Такашвили.
Како дел од реновирањето, Такашвили го трансформирал поткровјето на зградата во две дополнителни соби за гостите.
Собите се дизајнирани да го евоцираат визуелниот стил на Дејвид Линч, со ниски кревети изработени по нарачка и ормари со фурнир од орев. Просторните прегради пробиени со големи кружни отвори користени се за означување на различни зони во просториите.
Топлиот дрвен мебел дополнет е се со сегменти испрскани со црвена боја – во форма на старински телефони, уметнички дела и ролетни за прозорци направени од медиапан – како и бели или црни плочки што се користат во малите купатила.
Останатиот декор на собите вклучува светилки со абажури од хартија, кои прават нијанси на сенки во стилот на Noguchi, кои Такашвили ги увезол од Јапонија, и столчиња од дрво и трска на архитектот Пјер Жанере, кои се набавени од Лондон.
„Хартиените светла даваат мек луминисцентен ефект кој создава пријатен амбиент“, објаснува архитектот.
„Некои од едноставните геометриски форми што ги користев дефинитивно имаат влијание од средината на векот, но не се обидував да бидам во тренд. Само сакав да постигнам филмски ефект без прибегнување кон очигледни филмски трикови“.
По еден ѕид во секоја соба е оставен празен за да можат гостите да гледаат филмови преку паметен проектор, додека музика може да пуштаат преку избор на винилни плочи.