--> -->
-->
Насловна / Вести / Хотел во Калифорнија реновиран со интензивни бои во ретро атмосфера

Хотел во Калифорнија реновиран со интензивни бои во ретро атмосфера

Њујоршкото дизајнерско студио BHDM го реновирале хотел во Sunnyvale, Калифорнија, потпирајќи се на ретро атмосферата на местото од 1960-тите и воведувајќи палета „poolside chic“.

Хотелот Wild Palms во областа на заливот – дел од портфолиото на Hyatt – е реновиран за подобро да ги искористи лобито и заедничките области и да им обезбеди на гостите попријатно искуство внатре и надвор.

BHDM преземале влијанија од атмосферата за да создадат разигран внатрешен концепт на ентериерот.

Она што започнало како едноставно освежување брзо се претворило во посеопфатна проемана на распоредот, вклучувајќи неколку архитектонски промени за да се отворат просторите.

„Главен приоритет беше создавањето на директен поглед кон базенот од фоајето за непречен проток од рецепцијата до надворешниот простор“, вели дизајнерскиот тим.

За да се постигне ова, постоечката сала за појадок е отстранета, а просторот за пријавување е отворен во главното лоби.

Кога гостите пристигнуваат во зголеменото лоби со двојна висина, ги пречекува таван со интензивно обоени, испреплетени мобилни кругови.

Mебелoт е во палета на цитрус – вклучувајќи метални столчиња со цевкасти профили обложени со прав што потсетуваат на ретро амбиент покрај базенот – поставен е на кружен син килим.

Смелите бои се во контраст со целосно белите ѕидови, таванот и скалите, како и со целосно белите подни плочки.

Белата рецепција се наоѓа пред релјефен мурал под влијание на средината на минатиот век, опкружена со небесно сини шкафчиња за складирање.

Кружните исечоци на предниот дел на пултот се исполнети со градиент на зајдисонце, додека пар големи бели светилки со украси во форма на топка се поставени на врвот.

Истата палета на бои продолжува и во новата сала за појадок, која исто така е наменета да се користи и како работен простор подоцна во текот на денот.

Ѕидови и столчиња со риги, удобно тапацирано седење покрај ѕидот, ламби и шарени перници се користат за да се создаде забавна атмосфера во просторот.

„Тропски мотиви како што се топки на плажа и кабана риги се наоѓаат насекаде, што дополнително ја нагласува сончевата природа на дестинацијата“, велат од тимот.

Во понудата се различни типови на седења за да се приспособат на различни намени во текот на денот, а тапацираните клупи покрај ѕид се опремени со електрични приклучоци за поддршка на оние кои работат.

Многу од собите за гости се на кат, а им се пристапува преку ходници украсени со портокалова и жолта боја.

Другите соби се означени со сина боја и се наоѓаат директно покрај базенот, каде жолтите лежалки и чадори за сонце ја оживуваат терасата.

Испрати коментар

Scroll To Top