Долги години пријатните соби за гостите на Parc Hotel Florian, сместен во подножјето на селото Siusi allo Sciliar,Јужен Тирол, Италија, овозможуваат совршено искуство во текот на целата година. Единствена карактеристика на овој имот е прекрасниот парк, каде може да шетате меѓу стари дрвја, идиличното езерце и надворешниот базен. Комплексот неодамна беше проширен со десет сосема нови апартмани во самостојна зграда, која се поврзува со постојната структура, создавајќи чувство на континуитет и свежа перспектива со препознатлив архитектонски јазик.
На архитектите од бирото Network of Architecture – NOA* им била зададена задача да го подобрат дизајнот на хотелот, што значело соочување со комплексни градежни ситуации. Од една страна, гордоста на хотелот – неговата единствена основа – морало да се зачува на оптимален начин. Од друга страна, непосредното опкружување, со соседната семејна резиденција, паркингот и самиот хотел, произвле градилиште за кое биле потребни многу такт и чувствителност, совршен предизвик за NOA*.
Идејата била да се оддели зградата со новите апартмани од оригиналната локација, со цел да се остави теренот недопрен и да се зафати што е можно помалку простор. Објект во приземје би резултирал со губење на значителен дел од теренот. Но, идејата не била само ред соби од врата до врата, туку уредено групирање на интимни, самостојни куќи од дрво издигнати на носачи високи три метри, оставајќи го теренот под, соема достапен. Во исто време, желбата била не само да се сместат гости во новите апартмани во паркот, туку и да им се дозволи да бидат дел од него. За време на процесот на проектирање, паркот станал централна тема на архитектурата, темелно вградувајќи ја зградата во природата, како да е отсекогаш таму.
Концепт на издигнати куќи од дрво поврзан е со патека која го формира ‘рбетот на новиот развој, двокатната структура содржи апартмани, со по пет соби на секој кат, од кои сите имаат поглед на паркот. Со цел да се направи архитектонскиот комплекс уште подинамичен, просториите се наоѓаат едни над други под мал агол, создавајќи впечаток на природна, негувана структура, додека се зачувуваат погледите. Гостите имаат задоволство да престојуваат во нивна мала куќа. И покрај оваа архитектонска отвореност, појавноста на целиот објект е сочувана, бидејќи се вгнездува во пејзажот на паркот. Ова е дополнето со дрвена фасада, која му дава одреден степен на униформна спокојност на збирот на куќи од дрво.
Експанзивни хоризонти, лежерна отвореност и лична слобода се главна подлога воовој проект – во секоја смисла. Заткриената, повлечена тераса овозможува приватно повлекување без облека, како и надворешната тераса, која се граничи со отвори низ кои растат ново засадените високи дрвја и каде што можете да потонете и да се опуштите во мрежа. Садниците на балконите и терасите го подобруваат природниот амбиент. Различни архитектонски отвори создаваат единствено светлосно расположение.