Во јужен Трирол, во област позната по одгледување јаболки, архитектите од бирото noa* – network of architecture го реновирале хотелот „Apfelhotel Torgglerhof“, креирајќи модерна оаза за сите сетила, која воедно го задржува целиот шарм и карактер на историскиот хотел.
Наречен во чест на распространетото овошје, кое ги краси падините на околните брда, хотелот низ неколку фази на реновирање добил нов велнес центар, ресторан и 18 нови апартмани, распоредени во три троспратни објекти, кои складно се вклопуваат во руралното опкружување.
Новата фасада ја поврзува традицијата со модерна естетика и го превзема и архитектонскиот стил на опкружувањето. Фсадата е намерно во темни тонови за да се задржи традиционалната боја на старите објекти во местото. Исчекор од традицијата е 3Д ѕидната декорација од дрвени греди во форма на ромбови.
Природата и карактеристиките на регионот играат важна улога во дизајнот на ентериерот; природно дрво, метал и плетени материјали се употребени за декорирање на хотелските простории и соби.
Централен украс на хотелскиот комплекс е велнес зоната, која со архитектурата и зеленилото повеќе потсетува на модерна, луксузна градина. Зеленото срце на хотелот, чив дел е и сауната изградена во форма на јаболка, неприметно се втопува во околната природа.
Новата зграда на спа центарот, всушност нема северна фасада, бидејќи објектот е сокриен под природното зеленило и не се разликува од теренот. Најголем дел од спа центарот, наречен Brunnenhaus (куќа на изворска вода), прекриен е со слој земја и растенија, формирајќи така, наизглед природно брдо кое се втопува во пејзажот.
Влезот во спа центарот е закривен бетонски ѕид, кој го засекува брдото, со главен влезен портал, изработен од старо дрво и декориран со истата ромбоидна шара, која е применета на фасадата на апартманите. Наспроти ова, јужната страна на велнес зоната – со фасада од стакло и челик, отворена е и светла.
Внатре во спа центарот поставена е фонтана направена од природен камен во која тече вода за пиење и отворен камин кој се наоѓа во пространото фоаје.
Атрактивен indoor/outdoor базен се протега со еден дел во внатрешноста на спа центарот и поминува низ стаклената фасада надвор.
На горното ниво сместена е финска сауна со широки прозорци од кои се протега поглед на полето со стебла јаболки.
Поминувајќи покрај 40 години старата жална врба се стигнува до главната зграда на хотелот, местотото од каде се потекнува. Хотелскиот ресторан е проширен со павилјон кој гледа накај комплексот.
Архитектурата на комплексот е проектирана така за да изгради цврста врска со местото, да се поврзе со неговата историја и со природата, но да го задржи сопствениот идентитет.