Насловна / Архитектура / Хотел со поглед на Атлантикот

Хотел со поглед на Атлантикот

Двоен покрив и кула со шиндра ќе ги анимираат посетителите на луксузниот хотел во рибарското село Феџе, кој Saunders Architecture моментално го проектира во Норвешка.

hotel

Кога ќе биде изграден на западниот брег на истоимениот остров, хотелот Феџе ќе понуди „тивко засолниште“ за туристите кои сакаат да го искусат животот на островот.

Проектот на архитектонското студио од Берген исто така има за цел да им овозможи на посетителите луксузно искуство кое ќе го одразува нордискиот начин на живот.

hotel1

“Сакаме посетителите да почувствуваат дека ова е уникатно и посебно место. Сакаме внатрешното и надворешното чувство да го одразуваат едноставниот начин на живот на нордиската земја и да го доживееме како нивна верзија на луксуз, што значи помалку бучава, екстремно добро применети занаети и едноставен асортиман на материјали, храна и искуство“, рече Тод Саундерс, коосновачот на Saunders Architecture во изјава за Dezeen.

hotel2

Хотелскиот проект е дел од мастер план развиен од Saunders Architecture во соработка со локалната дестилерија за виски Feddie Ocean Distillery, кој ќе вклучува создавање на две нови села.

Нивната идеја е да создадат повеќе можности за туризам на островот и да го поддржат развојот на дестилериите и другите нови бизниси.

Хотелот ќе се гради на локација која е изолирана, но сепак на оддалеченост од населбата која е достапна за пешаци. Ова место ќе овозможи и континуиран поглед на Атлантскиот Океан и од хотелот и од кровот на објектот.

hotel3

Архитектите го проектирале објектот во форма на буквата U, така што хотелот се состои од три крила кои се наведнуваат околу внатрешниот двор. Инспирацијата за оваа форма ја нашле во традиционалните земјоделски згради во Норвешка, кои биле изградени за да се заштитат од ветерот.

Додека едниот крај на крилото ќе биде подигнат за да формира кула, другото крило е целосно спуштено на земја, за да се обезбеди пристап до кровот на објектот.

Според норвешките закони, покривот ќе биде јавно пристапен простор, каде што ќе се поставуваат масивни камења, со цел да послужат како место за седење, како и простор за одгледување растенија што би можеле да ги користат готвачите во хотелот.

Иако сè уште не е познат изгледот на ентериерот на хотелот, најавено е дека ќе содржи 75 соби кои ќе бидат проектирани така што секоја има кревет свртен кон океанот.

Во кулата на хотелот ќе бидат сместени јавни простори, вклучувајќи бар, спа и ресторан, организирани на највисоките нивоа.

hotel4

Испрати коментар

Scroll To Top