Tobaco Hotel се наоѓа во центарот на Łódź, во историски дел со стари куќи и фабрички згради. Хотелот е дел од историскиот комплекс со фабрички објекти.
Дизајнот на внатрешноста на хотелот е проект на EC-5 студио. Самиот ентериер се рефлектира на духот на 50-тите и 60-тите години.
Доминантните бои, и во собите и во заедничките простории, се металик сиви и живописна сина, виолетова и зелена. Голем дел од внатрешниот мебел е направен од ореов фурнир кој е мат но истовремено има висок сјај. Темните и живи бои се конфронтираат со белите ѕидови, подот и декорацијата на прозорците. Благодарение на техниката, се постигнува ефектот на простран и светол ентериер.
Желбата на архитектите е да се истакне индустриската заднина на објектот, па така каде и да било возможно ѕидовите од тула и плафоните се оставени изложени. Истото се оденсува и на голиот бетон што е искористен во многу простории, како на пример кај рецепцијата. Жиците на плафонот во главниот ходник се оставени видливи. Жолтата боја претставува лајтмотив на цлиот комплекс, а се јавува за да истакне идентитет во декорацијата.