Насловна / Архитектура / Хотел од тули во мексиканскиот пејзаж

Хотел од тули во мексиканскиот пејзаж

Мексиканското архитектонско биро Taller de Arquitectura X/Alberto Kalach изгради хотелски комплекс направен од тула со боја на песок, вграден во мексиканска вегетација.

19_resize

Наречен Hotel Terrestre, комплексот се наоѓа на периферијата на Puerto Escondido, Oaxaca на западниот брег на Мексико и дели уникатна плажа со Casa Wabi, Hotel Escondido и Casitas by the Sea, проектирани од Тадао Андо.

2_resize

Хотелскиот комплекс е замислен како група од различни згради налик на павилјони, додека хотелот во цик-цак форма е скриен меѓу нежната вегетација. Ентериерите на хотелот завршени се во соработка со Fernandom Romandia и Dianom Backal.

3_resize

Комплексот нуди прекрасен поглед кон Тихиот Океан и Sierra de Oaxaca (сино-зелен планински венец). Хотелот 100 отсто се напојува со соларна енергија и мала потрошувачка, бидејќи си игра со сонцето и ветрот.

6_resize

17_resize

На локацијата, има многу вегетација која ги крие зградите, како што се различни видови дрвја. Објектите го делат пејзажот со лантани и извонредна разновидност на бромелии и орхидеи, привлекувајќи бројни птици и пеперутки.

Комплексот содржи седум згради, кои се состојат од два посебни хотелски волумена со 14 меѓусебно поврзани вили и секоја од нив има сопствен приватен базен.

14_resize

15_resize

Останатите погодности вклучуваат пергола за трпезарија, туш со водопад, канал за пливање, енигматичен спа дизајниран како кошница за пчели, хоризонтална тераса за јога, павилјон за масажа и пливање, тајна градина, лавиринт, градина со орхидеи и бромелии, градина со пеперутки. Сите останати програмски елементи се расфрлани во зелената вегетација.

22_resize

„Зградите се вградени во пејзажот, како да се таму стотици години. Одредена претстава за антиката, но и за футуризмот ја карактеризира архитектурата“, велат од Taller de Arquitectura X/Alberto Kalach.

„Секоја соба има приватна градина со песок и цвеќиња, туш на отворено, пространа спална соба, тераса на покривот со панорамски поглед и базен“.

27_resize

20_resize

„Водата е другиот елемент што поминува низ градината создавајќи езерце, каскадни тушеви, базени и мистична спа“, додаваат од бирото.

За материјализација, архитектите користат рачно изработена тула во боја на песок и различни дрва кои мајсторски се обработени на фасадите.

21_resize

29_resize

Од бирото додаваат дека „Проектот е осмислен така што постојната вегетација останува иста. Изграден е на места каде што немаше дрвја или растенија“.

„Она што веќе постоеше беше почитувано 100 отсто, а се садеше на површините што беа празни“.

Според бирото, предизвиците за одржливост биле тоа што требало да биде 100 отсто соларен објект. „Беше одлично искуство за учење да се разбере како да се управува со опремата“.

23_resize

„Моравме да го решиме загревањето на базените во одредено време. Беше направена комплексна студија за енергетското оптоварување за да се инсталира системот низ целиот хотел“.

„Постепено разбравме колку панели и колку батерии ни требаат. Беше потребно да воспоставиме распоред, на пример, опремата и моторите работат наутро и во 16 часот престануваат со работа.

28_resize

„За внатрешно осветлување поставивме сензори за движењето на светлата за да нема злоупотреба на потрошувачката“, додаваат од бирото.

Целата вода работи со подигнат резервоар кој ја дистрибуира водата до собите. Водата во собите се управува со соларни греачи. Не се користи гас.

25_resize

Од материјали користен е бетон, доста бела тула од кал, боја на песок, рачно изработена во Пуебла, Мексико. Користено е дрво „Maqui“, кое е достапно во областа Oaxace, и природно борово дрво за ентериерот.

Хотелот и спа сокриен се во градина со орхидеи. Има различни павилјони во кои се одржуваат активности како што се сонување, пливање, јадење, пиење, размислување, медитација. Архитектурата одлично се вклопува со градината, носи спокојство и изненадување.

10_resize

11_resize

12_resize

13_resize

31_resize

30_resize

32_resize

33_resize

34_resize

A000 CONJUNTO

Испрати коментар

Scroll To Top