Хотелот Not Hotel има интересен концепт – се состои од 10 тематски соби од кои тешко е да се избере омиленa. Сите се сместени во еден заеднички простор, така што го прави ова место идеално и забавно за оние што сакаат да запознаваат нови луѓе и спонтани дружења.
Хотелот се наоѓа во Амстердам, а во својата понуда има појадок и можност за изнајмување на велосипеди. Една од поинтересните соби е собата дизајнирана како да е скриена зад полиците во библиотеката, но и онаа во кабината на трамвајот, што крие голем брачен кревет.
Овој хотел, исто така, има и бар, во кој се е направено по нарачка, од мебел, шанк до ѕидови.
На менито се наоѓаат јадења со забавни имиња, вклучувајќи на пример, ‘It’s all Dutch’, ‘Italian Meat Lovers’, ‘Perfect Combinations’…