Хотелите што се наоѓаат во близина на плажата во градот Мајами, генерално, не мора да се грижат околу посетеноста.
Туристи од целиот свет сонуваат да дојдат во градот, кој функционира како совршен спој на урбаната метропола и место кое нуди идеален одмор на плажа со коктели.
Сепак, во големата конкуренција на хотелите на плажата, хотелскиот комплекс Acqualina Resort & Spa on the Beach успеа да се наметне како нешто сосема поинаку.
Поточно, тоа е единствениот хотел со пет ѕвездички, кој нуди директен пристап до плажа, а целокупната понуда е како на оние од најдобрите хотели во светот.
Луксузот тука може да се најде на секој чекор, без разлика дали се во прашање услугите на батлерите, кои се достапни 24 часа, или кога се работи за дизајнот и архитектурата на објектите на коишто работеле врвни дизајнери.
Надворешниот изглед на хотелот е инспириран од старите медитерански вили, и служи како совршен контраст на високи згради меѓу кои е сместен.
Гостите имаат на располагање 98 соби, како и дополнителни содржини како што се приватно кино, теретана, соби со 3D компјутерски игри и разни спа опции.