Насловна / Архитектура / Хотел на Јадран во сенката на илјада маслинки стари 250 години

Хотел на Јадран во сенката на илјада маслинки стари 250 години

Кај Моровиќ во местото Жман на Дуги оток, Хрватска, ништо не е вообичаено. Од семејната приказна, маслиновите насади, маслиновото масло, изгледот и името на хотелот… Откако ќе се воодушевите од архитектурата, хотелот „Вила Наи 3.3“ ќе ве заинтригира со своето име, затоа што мислите дека е некој странски збор на кој му се додадени броеви. Но, сè е всушност едноставно и симпатично.

3

„Наи на стариот дугооточки значи снег, а бројките 3.3 значат дека на Дуги оток снегот најдолго се задржал 3.3 дена“, вели Максим Јуричиќ, генералниот директор на хотелот и додава дека снегот всушност бил корисен за маслинките, а Моровиќ засадиле илјада.

1

Кога ќе ја видите „Вила Наи 3.3“ среде маслињак, се прашувате што настанало прво, хотелот или маслињакот, бидејќи изгледа како да се нераскинлива целина од самиот почеток.

Но, со оглед на фактот дека хотелот има нешто повеќе од една година, а најстарата маслинка во семејството Моровиќ е стара 250 години, јасно е дека архитектурата на овој сосема необичен хотел, вкопан во земја, природно настанала токму тука, токму меѓу маслинови дрвја.

4

За Нивес и Горан Моровиќ, маслиновите дрвја биле како патокази по кои морале да одат за да бидат на патот на своите предци. Богатата историја на маслинарството на семејството Моровиќ датира со векови, а семејните записи датираат уште од 1607 година.

20

Горан, градежен инженер по професија, и Нивес, учителка и ментор, настојувале да го одржат трудот на генерациите Моровиќ, обновувајќи стар маслињак со 1000 маслинови дрвја на северните падини на Дуги Оток.

2

„Идејата за „Вила Наи“ се роди без многу размислување. Задачата ја доверивме на архитектот Никола Башиќ. Се замисливме под еден кров, со млин за маслинки, соба за дегустација и сместување на ниво на водечките светски хотели. Архитектурата на хотелот е замислена без употреба на агли, со контурни линии“, вели брачниот пар.

18

„Хотелот мораше да се вклопи во веќе постоечкото опкружување, со внимателно конструирани детали, што се гледа во користењето на најдобрите материјали во своите категории“, велат Моровиќ, а Максим Јуричиќ забележува дека во целиот хотел со осум единици, нема прав агол, освен во бањите, каде што требало да се следат линиите на плочките.

6

„Архитектот, академик Никола Башиќ уште еднаш испроектира ремек дело прилагодено на природата. Следејќи ја изохипсата на теренот, тој создаде објект со необична геометрија, кој под зелен покрив комбинира преработка на маслинки во масло и сместување според стандардите на здружението The Leading Hotels of the World“, додава Моровиќ.

8

„Станува збор за престижен хотелски концерн во кој не се влегува лесно и претходно треба да се исполнат околу 300 критериуми, а во ова друштво обично се примаат големи луксузни хотели со околу сто соби, кои се наоѓаат претежно во метрополи и монденски места. Малиот хотел „Вила Наи“ имаше свои предности – околината, паркот Телашќица, Корнати…“

14

Хотелот е издлабен во камениот рид, а ископаниот камен е пренаменет во внатрешни и надворешни ѕидови на хотелот за значително да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, бидејќи градежните материјали не морало да патуваат по патишта и море.

„Целиот објект има енергетска класа А+, пет соби и три апартмани се со зелен покрив, а во лето е угодно и без клима“, вели Јуричиќ.

10

Ентериерот е проектиран во миланското биро Giorgetti, според сугестии на Нивес Моровиќ. Секоја соба е одвоена од тераса со стаклен ѕид, од кои најмалата е 30 квадратни метри.

17

„Маслињакот имал околу 2,5 километри суви камени ѕидови под заштита на УНЕСКО, а потоа сопствениците додале уште километри, така што сега на имотот и наоколу има околу 10 километри суви камени ѕидови“ вели Јуричиќ.

15

„Родена во природа и создадена во природа“ или „јахта што го фрли сидрото засекогаш“, велат Моровиќ за својата луксузна „Вила Наи 3.3“ закотвена во плодно маслиново поле. Сместена на 40.000 м2 земјиште во сопственост на семејството Моровиќ, гостите уживаат во еколошкиот луксуз од 5.000 м2.

16

13

12

11

9

Испрати коментар

Scroll To Top