Насловна / Архитектура / Хотел на дрво | Tham & Videgård Arkitekter

Хотел на дрво | Tham & Videgård Arkitekter

Trädhotellet Harads2010/09
Сместен во далечниот северен дел на Шведска, во близина на поларниот круг, хотелот на дрво претставува засолниште, затскриено во високото шумско зеленило. Дизајниран од студиото Tham & Videgård Arkitekter, објектот е структуиран од лесна алуминиумска структура обесена околу трупецот на дрвото, кутија со димензии 4 x 4 м, обвиена во стаклена огледална обвивка. Екстериерот ги рефлектира опкружувањето и небото, креирајќи камуфлирано засолниште. Ентериерот е целосно изработен од фурнир, додека ритмичната организација на прозорските отвори обезбедува непречени погледи кон природното пространство.

Invisible Realm of Mirrors (1) Invisible Realm of Mirrors (20) Invisible Realm of Mirrors (17) Trädhotellet Harads2010/09 Trädhotellet Harads2010/09 Invisible Realm of Mirrors (22) Invisible Realm of Mirrors (21)
Конструкцијата алудира на непосредната релација помеѓу човекот и природата, начинот на кој човекот ги применува материјалите и продуктите на високата технологија, приспособени на суровите климатски услови.
TreeHotell Photographer Ulf B. Jonsson. Invisible Realm of Mirrors (15) Invisible Realm of Mirrors (16) Invisible Realm of Mirrors (14)

Испрати коментар

Scroll To Top