Шведскиот ланец Scandic Hotels на своите гости им нуди мобилни сместувања коишто ги доставува на која било локација на територијата на Скандинавија.
Scandic Hotels оваа услуга почнале да ја обезбедуваат од 2014 година, и тоа со две мобилни хотелски единици коишто до сега ги преместиле на четириесет различни локации низ Скандинавија.
Овие мобилни единици наречени Scandic To Go можат да се монтираат каде било, во зависност од желбите на клиентите.
Досега, овие два мобилни хотели биле домаќини на повеќе од 200 луѓе. Како што е случај и со сите други хотели, резервација се прави онлајн и потоа ви го праќаат „хотелот“ на вашата посакувана локација.
Единиците се со големина од осумнаесет квадратни метри, вклучувајќи ја и терасата. Сместувањето располага со брачен кревет и една софа.
Гостите за време на нивниот престој можат да користат бесплатен Wi-Fi и клима уред, пишува Contemporist.
Како и во секоја друга регуларна хотелска соба, и оваа има комплетно опремена бања, а гостите имаат на располагање бањарки и средства за хигиена.
Локацијата може да биде секаде низ територијата на Скандинавија, но мора да биде достапна за камиони кои ги доставуваат овие мобилни сместувања.