Ситуиран во непосредна близина на Лисабон, хотелскиот комплекс Areias do Seixo е реинтерпретација на убавините на природата, егзотичната вегетација и океанското пространство. Извонредната оригиналност, комфорот и софистицираниот израз на целината суптилно дефинираат совршена синтеза со непосредното природно опкружување.
Секоја соба за престој претставува репрезент на различна приказна, ресторанот пак, пречекува со разновидни амбиенти, доживувања и вкусови, користејќи ги бенефициите на убавините што ни ги нуди природата. Целокупниот комплекс претставува несекојдневен, исклучителен пример на архитектонско дело, воспримливо преку сензитивноста на секоја индивидуа.