Локалната фирма Commune Design во соработка со дизајн тимот на ланецот хотели “Ace” ги реализирале реновирањето и реставрацијата на објектот, примарно користен од филмското студио United Artists, сместено во театарскиот дистрикт Бродвеј, во Лос Анџелес.
Додека оригиналниот фасаден дизајн претставува богата интерпретација на шпанскиот готски стил, обвивката во себе крие мнималистичка бетонска структура. Како контраст на готскиот израз, хотелските соби го задржуваат минимализмот, оставајќи ја соголената излиена бетонска меѓукатна конструкција да доминира во ентериерот.
Мебелот е изведен од темносиви лесонит плочи, додека колоритноста во просторот е надоместена со разни уметнички дела и разнобоен тапацир.
Јавните простори во објектот опслужуваат кафе бар, ресторан и бистро, каде исто така преовладува минималистичкото уредување и соголените бетонски површини.