Хостелот „Book and Bed“ веќе стана ланец, откако неодамна е отворен и вториот хостел од овој вид во Кјото, по првиот отворен во Токио. Двете места го делат истиот концепт – спиење во библиотека во која сте опкружени со книги.
Писателот Борхес сигурно би бил многу задоволен со оглед на неговата сентенца „не можам да заспијам ако не сум опкружен со книги“. Со околу 5000 книги избрани од страна на книжарницата KEIBUNSHA, Book and Bed нуди финансиски прифатлива опција за сместување за туристите.
Цените се движат околу 45 УСД за ноќ. Хостелите се проектирани од Ai Yoshida и Makoto Tanijiri од Suppose Design Office.