Следејќи го отворањето на Generator Barcelona и Generator Venice, новоотворениот хостел Generator Berlin Mitte ја зацврстува позицијата на ланецот на светскиот пазар како еден од најголемите и најиновативните примери за урбан дизајн.
Anwar Mekhayech од канаѓанското студио The Design Agency во соработка со локаните архитекти Ester Bruzkus и Mark Asipowicz од студиото WAF Archtects се создавачи на несекојдневниот дизајн на ентериерот на хостелот.
Сместен во историски објект кој датира од почетоците на 20тиот век, во боемското маало Mitte, дизајн хостелот обезбедува сместување на 552 гости, организирани во 139 приватни апартмани и заеднички соби.