Хоризонталниот облакодер наречен „Кристал“ кој го претставува најистакнатиот дел од проектот „Raffles City Chongqing“ е отворен за посетители. Овој неверојатен облакодер е всушност „небесен“ пешачки мост кој располага со парк и со видиковец со стаклено дно. Поставен е на висина од 250 метри на врвот на вертикалните облакодери. Долг е 300 метри и тежи нешто повеќе од 12 илјади тони.
Посетителите го почнуваат своето патување на приземјето, каде има изложбен простор направен во соработка со компанијата National Geographic, која детално ја опишува историјата и развојот на градот Чонгкинг, еден од најбрзорастените во Кина. Експресниот лифт ве одведува на врвот за нешто повеќе од 50 секунди, а кога ќе се отвори вратата, посетителите ги пречекува друга изложба која го претставува идниот живот на Марс. Потоа доаѓате во мал парк, пред да стигнете до опсерваторијата за истражување на отворено. Овој видиковец има чист стаклен под и нуди неверојатен поглед на градот и сливот на реката Јалинг и Јангце.
Покрај овие објекти, во рамките на „Кристал“ ќе има клуб само за членови со два базени, ресторани и барови. Планирано е сè да заврши во следните неколку месеци.
Целиот потфат е сè уште во изградба, дизајниран е од Моше Сафди и содржи осум облакодери.
Во мајскиот број 292 на Порта3 прекрасен присет и незаборав за Архитектонскиот медалјон на влезот во Градскиот парк- фонтаната „Лотос“ во Скопје од Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ дипл.инж.арх.