Насловна / Архитектура / Хоризонтален облакодер на Стивен Хол во Шенжен, Кина

Хоризонтален облакодер на Стивен Хол во Шенжен, Кина

Овој проект прескокнува од брдо на брдо и манипулира со пејзажот – тоа го гради и го обликува во моќна форма над земјиште со инвентивни манипулации. Зградата ја засенува околината и овозможува слободно да зема здив – „интегрирана одржливост“. Измислена типологија од објекти кои лебдат над релјефот – „танцување на релјефот“.

1-horizontalen-oblakoder

Хоризонталниот oблакодер е иновативен пример во голем размер, објект со интегрирани намени, кој ги предизвикува вообичаените развиени типологии. Зградата се наоѓа над еден тропски предел, ослободувајќи ја за јавна употреба и за единствена шема на екосистемска реставрација.

Луѓето од околината веќе почнаа да го употребуваат овој нов тип на јавен простор за одмор. Со подигањето на објектот над земјата, проектот е истовремено и објект и пејзаж, деликатно преплетување на софистицирано инженерство и на природната средина.

2-horizontalen-oblakoder

Оформен е од осум јадра, одалечени 50 метри едно од друго, структурата на објектот е комбинација на бетонски рамки и мостови со кабловска конструкција.

3-horizontalen-oblakoder

Проектот располага со некои од најпознатите размислувања за одржливи стратегии на дизајн. Тој користи рециклирање на отпадната вода, собирање на дождовната вода, зелени покриви, како и стакло со високи перформанси. 1.400 квадратни метри на фотонапонски панели инсталирани на покривот на објектот обезбедуваат 12,5 % од вкупната електрична енергетска побарувачката за овој центар. Обновливи материјали се користат за врати, подови и мебел.

4-horizontalen-oblakoder

5-horizontalen-oblakoder

6-horizontalen-oblakoder

7-horizontalen-oblakoder

Испрати коментар

Scroll To Top