Насловна / Вести / „Хоризонт“: Симбол на британските жртви на дигиталната технологија, најмасовна судска неправда во земјата

„Хоризонт“: Симбол на британските жртви на дигиталната технологија, најмасовна судска неправда во земјата

Бури со силни и брзи ветрови, високи бранови, пороен дожд, снег и поплави, нарушен железнички сообраќај поради градежните работи на мрежата, шестдневен штрајк на младите лекари преку кои, според одредени проценки, се намалил капацитетот на здравствениот систем за околу 50%, сериозно оптоварена патна мрежа се едни од обележјата со коишто Британците ја дочекаа Новата 2024 година.  Но почетокот на годината особено ќе остане забележан според настан кој четири дена подоцна ги исполни со солзи лицата на граѓаните, неверица и сомнежи за општеството во кои тие живееат, особено што станува збор за вмешаност на јавна институција, а како ќе се одрази на правниот систем допрва ќе се види.

dok

„Г-динот Бејтс против Поштата“

Во четири последователни дена, од 1-ви до 4-ти јануари, Ај-Ти-Ви 1 (ITV 1) каналот во ударниот термин од 21 часот по локално време ги прикажа четирите продложенија на телевизиската драма „Г-динот Бејтс против Поштата“ (Mr Bates vs The Post Office), а по последната епизода и придружниот документарен филм.  Во истите е прикажана приказната за досега незавршената четврт вековна голгота на раководители на експозитури на пошти во земјата.  Со векови долгата традиција на поштенски услуги со текот на времето значително е искомплицирана, така да во последните децении најголемиот дел експозитури на поштата всушност се приватни продавници во кои еден од сопствениците на продавницата има склучено договор со поштата да отвори и нуди услуги на експозутира на пошта.

4

Во 1999 година дотогаш совесни и чесни раководители на вакви експозитури почнале да добиваат ненадејни посети од инспекцијата на поштата, по кои дел од нив биле обвинети за несовесно сметководство и незаконско присвојување на средства на поштата. Засега покрај изминатиот период од околу 25 години, нивниот точен број сé уште не се знае, но се претпоставува дека изнесува повеќе илјади. Против околу 900 од нив биле покренати тужби во периодот од 2000 до 2015 година.  700-на од нив биле осудени за кражба и измама од кои 236 завршиле во затвор. Дополнителни 2,800 успеале да избегнат тужби преку враќање на наводно проневерените средства.  Проценките се дека дел од засегнатите пропаднале финансиски, дел од нив банкротирале, дел завршиле со серизни ментални нарушувања, а за најмалку четири лица се знае дека сами си го одзеле животот.

2

Околу 350 милиони фунти, ќе треба да го платат даночните обврзници

„Епидемијата“ на несовесно работење и проневери одпочнала по воведување на новиот систем за електронско сметководствено работење на Поштата „Хоризонт“ (Horizon). Системот нарачан од државата, а коишто според некои чинел дури околу милијарда фунти, првично требал да ја покрие и Служабата за социјално осигурување и Поштенската служба, но по откажување на Службата за социјално осигурување бил имплементиран само од страна на Поштенската служба. Се смета дека проблемите со електронскиот систем создале проблеми со водењето на сметковоството, коишто потоа биле препишани како несовесно работење и проневера од раководителите на експоизитурите со сите последователни последици.  По повеќе години, конечно било утврдено дека приватната фирма која го испроектирала и имплементирала системот имала оставено „задна врата“ во системот, преку која ноќната смена на фирмата работела на поправки на проблемите со компјутескиот софтвер, без знаење и увид (во извршените промени) на раководителите на експозитурите. Досега сé уште не се знае што се случило со парите коишто раководителите на поштанските експозитури ги платиле за да ги вратат наводните долгови кон поштата, но, барем според драмата, се претпоставувава дека завршиле како профит на јавното претпријатие.

1

По околу 25 години и барем околу 46 милиони фунти потрошени во правни и судски трошоци во текот на групна граѓанска тужба на 555 раководители на поштенски експозитури, целосната разврска ни од далеку не е на подвидок.  Досега само дел од осудените успеале да добијат поништување на пресудата и бришење на кримналното досие од официјалната евиденцијата. Финалната финасиска компензација сé уште не е договорена иако се говори за вкупен износ од околу 350 милиони фунти, коишто ќе треба да го платат даночните обврзници во земјата со оглед дека Поштата е во јавна сопственост. Се поставува прашањето како навистина може да се компенизра 25 години голгота, финансиски загуби, ментални нарушувања и стигма од етикетата дека биле осудени како креминалци, а да не говориме за оние кои си го одзеле животот во очај, или пак за оние кои не доживеале или нема да доживеат да ја дочекаат крајната разврска на случајот.

0

Се случува во земја која тврди дека нејзиниот Парламент бил мајката на сите Парламенти

Се чини дека по емитирање на серијата, по 25 години, Скотланд Јард ќе покрене нова истрага за тоа дали навистина дошло до кршење на законите. Според печатот претходната истрага од 2020. година завршила по само два распита, но без никакви апсења досега. И сето ова се случува во земја која тврди дека нејзиниот Парламент бил мајката на сите Парламенти во светот и која според меѓународни ранг листи се смета дека го има осмиот најдобар правен систем во светот.

Според Би-Би-Си, станува збор за најмасовен пример на судска неправда во поновата, ако не и во целата историјата на земјата воопшто. Веројатно како единствено нешто позитивно од овој скандал може да се земе одлуката на Британското Компјутерско Друштво, Овластениот Институт на Информациските Технологии, во мај 2021. година да покрене барање за формално преиспитување на правниот принцип според кој „компјутерот секогаш е во право“, со оглед дека поштенскиот скандал покажал дека тоа не е секогаш така.  Да се надеваме дека позитивниот исход од оваа иницијатива ќе придонесе за подобра заштита на идните жртви на дигиталните технологии.

3

730 илјади британски граѓани имаат потпишано петиција

Веројатно како своевиден индикатор на чувствата и мислењето на јавноста е дека до 17 часот на 6. јануари над 730 илјади британски граѓани имаат потпишано петиција со која се бара од Владата да го одземе доделеното државно одликување на бившата парохијска свешетничка и директорка на Поштата во перидот од 2012 до 2019 година, која по напуштање на позиција го добила одликувањето како признание за нејзиниот приоднес кон работата на Поштата и добротворните организации заедно со бонус од 389 илјади фунти. Втората петиција од 2020 година според која се бара компензација и одговорност на жртвите на скандалот веќе ја има надмината бројката од 250 илјади потписи, така да двете петиции досега се потпишани од околу еден милион граѓани. Според Британските правила петиции потпишани од над 100 илјади лица мора да бидат разгледани од Праламентот. Како и да е, покрај трагедијата на жртвите на овој скандал, даночните обрвзници ќе треба да ја платат „сметката“ која со досегашните трошоци и нивото на компензација коишто се споменуваат лесно ќе ја надминат бројката од 500 милиони фунти.

Финансиски интернет измами, дигитални скандали и проблеми

Во услови кога приватниот и јавниот сектор безобзирно наметнуваат примена на дигитални технологии, и тоа особено во услови на неконтролираниот развој на вештачката интелигенција, потребата од резервираност и внимателност никогаш не била поголема, а за што веројатно најдобро говори веста на Би-Би-Си од 6. јануари.  Во истата беа најавени новите задолжителни прописи, според кои и банката плаќач и банката примач одсега ќе бидат солидарно одговорни за загубите на привантни лица како резултат на финансиски интернет измами. Наводно, се проценува дека со примената на новите прописи граѓание ќе можат да повратат околу 90% од изгубените средства наместо досегашните 60% кога само банката плаќач е одговорна за загубата. Според правилата е воведен лимит до кој што загубите ќе можат да се компенизраат, но само под услов банките да не можат да докажат дека сопственикот на сметка несовесно работел со истата. Веројатно како своевидна утеха требаше да биде информацијата дека во 2023. година кражбите на пари преку интернет измами имале тенденција на благо намалување во споредба со предходната 2022. година. И покрај овој навидум позититвен тренд во 2023 година, загубите од измамите сé уште биле во регионот на износ 500 милиони фунти, т.е. над половина милијарда евра!

Овие два примера се само врвот на дигитални скандали и проблеми со коишто се соочуваат граѓаните низ светот.  Оние коишто ја следат оваа проблематика веројатно ја имаат листата на земји во светот каде по хакерски упади се украдени податоците на целото население на овие земји, меѓу кои се најразвиените земји во светот.  За други државни установи и фирми и да не зборуваме, како на пример неодамнешниот случај на упад во комјутерскиот систем на регинални полициски власти во Британија, при кои наводно биле откриени и податоци на сокриените полициски агнети кои инфилтрираат криминални и слични групи, упади во системите, дури и најголемите кредитни агенции во светот, авиокомпании, хотелски ланци, телекомуникациони компании, итн. Честа случка во Британија е по регистрирање за електронско даночно работење физичките лица да почнат да добиваат барања за наводно неплатени даноци кон државата, и сл.

park

Во 2023. година во Британските медиуми беа објавени информации за зголемена заработка на општините и приватни фирми од казни за „непрописно паркирање“, особено во оние случаи каде за паркирањето се плаќа со мобилен телефон. Со оглед дека корисникот е одговорен да си најде сигнал за телефонот, во зоните каде мобилниот сигнал е слаб, корисниците на паркинзите сé почесто се соочуваат со казни за „непрописно паркирање“ со оглед дека заради проблеми со мрежата не успеале да платат за паркирањето, но им била наплатена казна.

Спроведените „модернизации“ во земјата некритички ни ги увезуваат и проблемите со кои други земји веќе се соочиле, како на пример „паметните картички“ за јавен превоз каде треба да уплатите пари пред да може да ги кориистите истите. Еден од пробемите е поврзан со депонираните средстава кои не можат да се повратат до колку не се користи картичката, како и хакирањето на системот.

Огромни суми на пари за да се заменат постојните „непаметни“ со „паметни“ броила

Неодамна во македонскиот печат се појавија натписи за успехот на Црна Гора и Србија со промените на сегашните броила со „паметни“, без поголеми напори да се согледаат евентуалнните последици од истите. Првин станува збор за огромни суми на пари за да се заменат постојните „непаметни“ со „паметни“ броила, кои индиректно или директно корисниците ќе треба да ги платат. Искуствата во Британија укажуаат на резервираност кај корисниците кои честопати одбиваат да им се инсталираат вакви броила. Покрај проблемите со броилата и неможноста да се смени снабдувачот на енергија кои се појавуваат кај постарите модели, не треба да се заборават сомневањата дека истите можат да се хакираат со сите евентуални последици.

6

Фактот дека со нив во станот вообичаено се добива бежично дигитално броило за да видите колку енергија ќе се троши во секој момент, само по себе нема да ви заштеди енергија. Веројатно уште позначајни се веројатните замки кои се кријат зад овие технологии. На пример, во минатито „непаметните“ броила мереле две до три различни струи, скапа и евтина, а за становие без комунално или локално парно греење и за евтина струја која се користела само за греење на термоакумулациони печки и боилери, а за кои се наплаќала најевтиината тарифа.  Со време најевтината тарифа е укината и почнала да се наплаќа само скапа и евтина струја, а со тенденција да се наплаќа само една тарифа за струја.

10

За разлика од „непаметните“, „паметните“ броила отвораат и нова можност фирмите добавувачи на струја да воведат динамични тарифи, каде на секои триесет минути цената на струјата ќе се менува според потрошувачката на енергија во системот. Колку е поголема побарувачката на енергија, толку поголема ќе биде цената за потрошувачот и обратно. Како евентуални дополнителни проблеми за коишто треба да се води сметка можат да се смеаат и следните: потрошувачката на енергија за испраќање на текст пораки од броилото до фирмата на секои 30 минути и последиците од лош мобилен сигнал кои можат да го нарушат мерењето на енергија, плус зрачењето од мобилниот уред преку кој се испраќаат пораките. Дополнително, постои стравување дека „паметните“ броила можат да послужат, слично како и социјалните мрежи, да се утврди кога станот е празен и врз основа на тоа да биде мета на провали и кражби.  Исто така се смета дека системот овозможува и да се следат активностите во домот со оглед дека секој електричен уред има карактеристичен енергетски отпечаток врз основа на кој може да се врши вакво следење. Да не збориме за можноста од далечина да се исклучи снабдувањето со струја, или пак за погрешно мерење на потрошената енергија.

5

Според Британските медиуми дури и американскиот Еф-Би-Ај (FBI) препорачува да не се користат „паметни“ телевизори во спалните соби со оглед на можното следење на активностите дури и во овој приватен простор. Ова е особено случај за оние модели со вградени камери.

Погорново укажува само на дел од или можните последици од примената на „паметните“ технологии, коишто треба да се земат сериозно во предвид заедно со потенцијалните придобивки од примената на истите.  Ова особено станува приоритет сега, кога вештачката интелигенција има потенцијал не само да го синтетизира гласот туку и ликот на корисникот. На крајот на краиштата, доколку и најопремените, најобучените и најзаштитените организации во светот не се имуни од упади во нивниот систем, што навистина останува како можност за заштита на обичниот граѓанин!?

Испрати коментар

Scroll To Top