Насловна / Вести / Honeywell развива нова технологија за складирање на енергија

Honeywell развива нова технологија за складирање на енергија

Американскиот индустриско – технолошки конгломерат Honeywell, најави соработка со компанијата ESS Tech Inc., на развој на нов систем за складирање на енергија.  ESS Tech е специјализиран за системи за складирање на енергија и има патентирано решение за проточни батерии на база на железо (IFB), a Honeywell во ова партнерство ќе ја вклучи екпертизата која ја има во областа на енергетските системи и напредни материјали. Проточните батерии складираат енергија во течните хемиски соединенија кои циркулираат во склоп на системот.

ess1

Постигнуваат ефикасност од 85% и имаат долг рок на траење, од 15 до 20 години. Железната база го поедноставува производството и процесот на складирање, па трошоците се помали, а батериите поефтини од останатите во оваа група. Се проценува дека светскиот пазар за складирање на енергија во моментот вреди 50 милијарди долари годишно.

ess2

 

Испрати коментар

Scroll To Top