Иако е најпозната како архитект со импресивно портфолио, Заха Хадид ги користи своите вештини и креативни размислувања и во другите сфери на дизајнот.
Таа создава прекрасни парчиња мебел, модни производи, накит, итн, кои се многу помали во големина во споредба со нејзините архитектонски ремек-дела. Овој пат, како резултат на нејзината работа е колекција на предмети за домаќинството, која се состои од свеќници, вазни и шаховски комплет.
Материјали кои се користат при дизајнирање на овие предмети се порцелан, смола и акрилик, додека боите кои се употребени се црна и бела, со примеси на зелена и розова. Овие парчиња со футуристички изглед и препознатливи форми за Хадид, неодоливо потсетуваат на зградите што таа ги дизајнирала низ целиот свет.
Еден од примерите е Aqua Platter, инспириран од олимпискиот центар во Лондон, и чини околу 16.400 долари. Другиот привлечен предмет е минималистичкиот Field of Towers шаховски сет со цена од 8.000 долари. Колекцијата е комплетирана со елегантни свеќи, дупли свеќници и серија мирисни свеќи и кои можат да бидат сместени во некои од садовите од колекцијата.
Инаку, нејзината Homeware колекција била претставена на овогодинешното издание на London Design Festival, во луксузната стоковна куќа „Хародс“.