Кога било објавено дека Том Круз ја продава својата вила во Холивуд Хилс, никој не знаеше кој е новиот сопственик на неговиот луксузен имот.
Сепак, идентитетот на сопственикот неодамна бил откриен – тоа е убавата актерка Ева Лонгорија. Таа платила 11,4 милиони долари за овој деликатен, палацијален и заштитен имот.
Вилата се наоѓа на приватен имот кој мери 2,75 хектари. Главната куќа на имотот има два ката и ѕидови од стакло, кои нудат исклучителен панорамски поглед на долината Сан Фернандо.
Изградена во чисто европски стил, вилата нуди три спални соби, при што секоја од нив има своја бања и луксузен под, венецијански ѕидови и други елементи на рафинирана декорација. Кујната во оваа вила има префинет италијански стил, со луксузни апарати од висока класа.
Посебната резиденција за вработените или гостите, има четири спални соби и четири бањи, како и исти декоративни елементи од главната вила.
Во екстериерот, овој имот вклучува базен во стил на „лагуна“, со пешачки мост. Во близина се наоѓаат затскриена вечерна тераса – идеална како трпезарија на отворено, игротека за деца и посебна гаража за три автомобили.