Насловна / Вести / Холанскиот авио превозник KLM преминува на одржливо гориво

Холанскиот авио превозник KLM преминува на одржливо гориво

Холандската авио компанија KLM, на сите свои летови од аеродромот Schiphol во Амстердам, од 10-ти јануари започна да користи одржливо гориво (Sustainable Aviation Fuel – SAF). Денес SAF се смета за најважен фактор во борбата за поодржливо воздухопловство, бидејќи неговата примена може да ги намали емисиите на јаглерод диоксид за дури 75%. Сепак, трошоците за неговото производство се четири пати повисоки од трошоците за производство на класичниот керозин. Користењето на ова гориво ќе биде финансирано и преку доплата на авио билетите во износ од 1-12 евра по билет, во зависност од класата и должината на летот. Со новото гориво се субституира дел од керозинот, а тој процент се планира постојано да расте во иднина.

klm1

klm2

klm3

 

Испрати коментар

Scroll To Top