Насловна / Вести / Холандија размислува за нова нуклеарка

Холандија размислува за нова нуклеарка

Холандија размислува за зголемување на производството од нуклеарни извори, судејќи според писмото кое до парламентот го упатил министерот за економија и климатска политика, заедно со анализата од консултантската куќа Enco.

Атомската енергија има мал удел во холандскиот енергетски микс – 3%. Во мај 2018 година, државата најавила драфт закон за прекин на користењето на јагленот, а две од пет електрани на јаглен треба да се затворат до 2025 година. Преостанатите три имаат рок до 2030 година. Извештајот на Enco наведува дека цената на произведената електричната енергија (LCOE – levelized cost of electricity) од атомски извори е 74 евра/MWh, што е помалку од офшор ветерните електрани – 85 евра/MWh.

Велат дека главната бариера е сепак економичноста на нуклеарката, но искуствата од Кина покажува електраната може да биде изградена на време и во рамките на буџетот, кога би се избрал реномиран тип на реактори, и се ангажираат искусни изведувачи.

netherlands1

Ëåíèíãðàäñêàÿ ÀÝÑ ïîä Ñàíêò-Ïåòåðáóðãîì

Испрати коментар

Scroll To Top