Владата на Холандија ја советува јавноста и компаниите во земјата да трошат помалку енергија со цел да заштедат во актуелните услови на високи цени на енергентите. Според практичните упатства, граѓаните с есоветуваат да го подесат термостатот на максимум 19 степени во текот на денот и максимум 15 степени во текот на ноќта, како и да ги загреваат само просториите во кои престојуваат. Исто така се апелира да не се тушираат подолго од 5 минути. На компаниите им е упатен повик за заштеда на енергија во осветлувањето, греењето и вентилацијата. Со цел Владата да им даде пример на сите останати, сите јавни згради (вкупно околу 200), ќе имаат два степена пониска температура во зима и два степени повисока температура во лето. Владата истакнува дека освен енерегтската заштеда, овие мерки се корисни и во борбата против климатските промени.