Холандските политичари неодамна предложија смел план да се забранат сите бензински и дизел автомобили од 2025 година.Предлогот доставен од страна на членовите на партијата PvdA вклучува забрана на сите автомобили кои вршат емисија на штетни гасови, вклучувајќи и хибридни возила. Според оваа мерка, за помалку од 10 години на продавачите на автомобили ќе им биде дозволено да понудат само електрични возила или возила на водород.
Додека мнозинството во Tweede Kamer , долниот дом на парламентот го одобри предлогот, истиот наиде на отпор од другата главна партија во Парламентот на Холандија. Членовите на VDD партија ја осудија идејата обвинувајќи ги дека тоа е „преамбициозен и нереален план.“
Јан Вос, кој го презентираше предлог, рече: „Тоа е визија…Неможе се да случи веднаш.“ Тој објаснува дека Холандија треба да ги следи стапките на земјите како што се Данска, Норвешка и Уругвај, и да стави крај на нивната зависност од фосилни горива.