Холандија на 1 јануари го презеде ротирачкото претседавање со ЕУ од Луксембург и во наредните шест месеци, меѓународните средби ќе се одржуваат во Europe Building – лесно монтажно-демонтирачка зграда чиј проект е потпишан од страна на архитектонските бироа Heijmans и DUS Architects.
Зградата од околу 700 квадратни метри, низ која ќе минуваат околу 17.500 луѓе во текот на холандското претседателство на ЕУ, направена е од закривени бели панели добиени со 3Д печатење и составени на лице место.
Клупите, исто така, се добиени со 3Д техника и поставени се во предниот дел на зградата, за да се поттикне интереакција на сограѓаните со самиот објект.
Белата фасада инспирирана од едриличарството во потполност е изработена со 3Д технологија, а дополнително е истакната со заднинско осветлување потпишано од „Филипс“.
Кога ќе се стемни, осветлувањето на „Филипс“ целосно го менува изгледот на конструкцијата. Специјално спот осветлување во комбинација со заднинско осветлување, коешто продира низ пластични панели, давајќи му на објектот впечаток на транспарентност и леснотија.
Панелите потсетуваат на едра и ваквиот облик на најбрзи можен начин може да се добие со 3Д печатар.