Неодамна е претставен урбанистички план за идниот парк кој ќе се наоѓа во градското подрачје на Амстердам и ќе завзема површина од дури 29.000 хектари.
Минатиот месец холандската влада благодарение на големото мнозинство го одобрила проектот на фирмата Mecanoo.
Според претставениот урбанистички план тој ќе обедини четири постоечки природни резервати за да се заштити и осигура нивната иднина. Во наредниот период овие четири резервати постепено ќе се поврзуваат и ќе стануваат континуиран парк наречен Nieuw Land.
Овој парк би требало да стане оаза на природата која ќе биде лесно достапна на граѓаните и до неа ќе можат да доаѓаат со кану, велосипед или пешки. Исто така се предвидува и железничка линија која од Амстердам ќе оди директно до паркот.
„Nieuw Land ќе биде нов вид национален парк во кој искуството на посетителите е централен елемент. Паркот ќе пружа атрактивно и едукативно искуство на посетителите од сите генерации, низ јакнење на врската помеѓу градот и прородата. Паркот ќе го сочинуваат многубројни насипи, мочварни подрачја и островца, како и бујна флора и многубројна фауна. Ќе има и разновидни простори за одмор, подрачја за осамување во кои ќе биде овозможен и поглед на ѕвездено небо, како и подрачја во кои ќе може да се искуси дивината и авантурата“. – вели Francine Houben, основач и креативен директор на фирмата Mecanoo за ArchDaily.
Континуирани екосистеми
Nieuw Land би требало првенствено да биде птичји резерват, со многубројни заштитени видови, кои би требало да се задржат на ова подрачје поради сигурна храна и засолништа кои ќе им бидат обезбедени.
Со додавање на острова, мочвари, потоци, ливади и водени текови ќе се создадат услови за континуирани екосистеми.