Насловна / Вести / Холандија ја гради првата мрежа на цевоводи за водород во Европа

Холандија ја гради првата мрежа на цевоводи за водород во Европа

Во близина на Ротердам, започнати се работите на поставување на 1200 километри долгата национална мрежа за пренос на водород. Со тоа, Холандија ќе стане првата земја во Европа со ваков вид на инфраструктура. Nederlandse Gasunie, холандскиот оператот на системот за пренос на гас и инфраструктура, започна со изградбата на првата делница од 30 километри. Вкупната инвестиција за мрежата од 1200 километри се проценува на милијарда и пол евра. Идејата на проектот е да ги поврзе индустриските центри во Холандија, како и да обезбеди интерконекции со Германија и Белгија. Во склоп на мрежата планирани се и објекти за складирање на водородот.

hydrogen1

Пуштањето во работа на првиот сегмент од оваа мрежа е закажано за 2025 година. Притоа се истакнува дека 85% од системот ќе го сочинуваат реконструирани цевководи на постоечките траси за природен гас. Тоа решение е 75% поефтино отколку изградбата на сосема нова инфраструктура.

hydrogen2

ЕУ работи на материјализација на својата иницијатива European Hydrogen Backbone, со цел до крајот на 2030 година да бидат поставени 28.000 километри цевководи за водород. Потоа во нареднта деценија, должината на мрежата треба речиси да се удвои, односно да достигне 53.000 километри.

Испрати коментар

Scroll To Top