Насловна / Вести / Холандија доби енергетски најодржлив пат

Холандија доби енергетски најодржлив пат

Во Холандија е изграден енергетски најодржлив пат, кој има сопствено „одржливо снабдување со енергија“. Делницата долга 17 километри, помеѓу градовите Делфт и Зутермер, е покриена со асфалт кој го намалува отпорот на пневматиците, што значи дека учесниците во сообраќајот на оваа делница штедат гориво. За семафорите и осветлувањето на патот, поставени се 220 фотоволтаични панели, додека покрај патот е поставена голема батерија која ја складишти енергијата за користење во текот на ноќта. Енергетски ефикасните LED светилки се користени за осветлување на патот, а системот овозможува регулација на интензитетот нa светлина соодветно на фрекфенцијата на сообраќајот. Во семафорите се поставени сензори кои го регулираат сообраќајот, така што нема чести запирања и забрзувања. Како што проценуваат стручњаците, ова значително ќе влијае врз емисиите на штетни гасови и ќе ги намали сообраќајните гужви. Јужна Холандија има јасно зацртана цел, а тоа е сите патишта во регионот да имаат негативен јаглероден отпечаток.

delft1

delft2

delft3

delft4

delft5

delft6

Испрати коментар

Scroll To Top