Насловна / Арт и дизајн / Хокни најскап жив уметник?

Хокни најскап жив уметник?

Дали славниот британски сликар Дејвид Хокни во 81. година од животот ќе стане најскап жив уметник ќе се знае во ноември. Имено, слика на сеуште активниот Хокни проценета е на 80 милиони долари. Доколку делото од 1972 година „Портрет на уметникот (Базен со две фигури)“ „Portrait of an Artist (Pool with Two Figures)” во ноември во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк ја достигне оваа бројка, Хокни ќе стане наjвредниот жив уметник, пренесоа светските медиуми.

k3

„Портрет на уметникот (Базен со две фигури)“

Сликата „ Портрет на уметникот“ е најскапо проценето дело на Хокни до сега и рекорден износ на уметникот кој сеуште е активен, соопшти „Кристи“.
„Титулата“ најскап жив уметник, сеуште е во рацете на Џеф Кунс, со оглед на тоа дека уште 2013 година неговата скулптура „Куче од балон (Портокалово)“„Balloon Dog (Orange)” е продадена за 58 милиони долари.

Balloon Dog Orange

„Куче од балон (Портокалово)“

Најскапо дело на Хокни до сега е сликата „Pacific Coast Highway & Santa Monica“ која пред неколку месеци во њујоршкиот „ Sotheby “ е продадена за „само“ 46 милиони долари.

h1

„Pacific Coast Highway & Santa Monica“

Испрати коментар

Scroll To Top