Насловна / Арт и дизајн / Хокни како Ван Гог

Хокни како Ван Гог

Во Амстердам е отворена изложбата на делата на најскапиот жив уметник на планетата.
Што ги врзува најскапиот жив уметник и еден од најголемите сликари било кога? Дали и кои паралели можат да се повлечат помеѓу Дејвид Хокни и Винсент Ван Гог? Како делото на Ван Гог влијаело на творештвото на британскиот сликар, и колку е сличен нивниот уметнички став, и поглед? На овие прашања одговори дава новата изложба со наслов „Hockney – Van Gogh: The Joy of Nature” во Музејот „Ван Гог” во Амстердам, која е отворена за јавноста во сабота, 2. март, а трае до 26. мај, пишува „Политика“.

1
Дејвид Хокни, кој да се потсетиме, од половината на ноември, минатата година се гордее со „титулата“ најскап жив уметник, со оглед на тоа дека на аукцијата во њујоршкиот „Кристи“, неговото дело „Портрет на уметникот“ е продадено за рекордни 90,3 милиони долари, минатите денови поради својата изложба престојувал во Амстердам. Во разговорите за британските и холандските медиуми се присетил како, кога бил момче на шестнаесетгодишна возраст, далечната 1954., додека студирал во Уметничката школа во Бредфорд, патувал со автобус во Манчестер за да ја види изложбата на Ван Гог. Прва работа која му паднала во очи била колоритот и тоа колку боја користел холандскиот сликар. Веднаш помислил, дека сигурно бил богат, со оглед на тоа дека можел да си дозволи да потроши дури две туби сина боја за да го долови небото.
„Боите ми оставија најголем впечаток. Пред тоа никогаш не сум видел такви слики. Вистински, не оние од книгите. Во уметничката школа сите сликаа со сиви и црни бои на Брадфорд. Други бои не постоеа…“, изјавил за британските медиуми Дејвид Хокни, оценувајќи дека пред се, Ван Гог брилјантно го гледал просторот. Пораката на неговите слики била дека светот е прекрасен, само „треба да се воочи, односно да се гледа со отворени очи“.

спринг

„The Arrival of Spring in Woldgate, East Yorkshire”

После големата ретроспективна изложба во лондонскиот „Тејт“ од 2016, новата поставка во Амстердам претставува слики од периодот на Хокни на северот на Англија. Меѓу нив се истакнува огромното платно „The Arrival of Spring in Woldgate, East Yorkshire” (Пристигнување на пролетта во Волдгејт), широко скоро десет метари, кое го подарил на парискиот центар „Помпиду”, а тука се и цртежи, видео-творби…

трес

„More Felled Trees on Woldgate”

Во 81. година Дејвид Хокни, кој веќе долго живее во Лос Анџелес, нема намера да запре. Наредните денови заминува во Нормандија, во својот летниковец, опкружен со дрвја: „Што е поубаво во животот од будење на пролетта во Нормандија и обидот тоа да го овековечам на платно? Нема подобро! На Ван Гог сигурно би му се допаднало…“

бласам

Хокни ја слика „May Blossom on the Roman Road“

Испрати коментар

Scroll To Top