Денес се одбележуваат 74 години од првиот нуклеарен напад во историјата на човештвото, кога САД фрлија атомска бомба на градот Хирошима и ја принудија Јапонија на капитулација со што заврши Втората светска војна.
Во бомбардирањето на 6 август 1945 година во еден миг загинаа 140 илјади луѓе, а тука не се вбројуваат жртвите кои настрадаа од радијацијата и кои подоцна подлегнале на повредите.
Нападот со атомска бомба бил извршен по наредба на тогашниот претседател на САД, Хари Труман.
Хирошима денес, 74 години по нуклеарниот напад, изгледа недопрено, како ништо да не се случило, како жителите на овој јапонски град отсекогаш да живееле во спокој, дисциплинирано, во чиста околина, својствено за Јапонија. Воздухот чист, нормален, ништо во Хирошима денес не потсетува дека тука пред 74 години се случил хоророт на човештвото, не покажува дека луѓето го доживеале пеколот во вистинска смисла на зборот.