Мексиканското архитектонско биро DCPP Arquitectos дизајнира продавница Distrito Fijo во Мексико Сити за да ја исполни желбата на сопствениците ова место да стане омилен локал на љубителите на велосипедизмот.
Затоа, локалот е осмислен така што покрај продавница за велосипеди, тој да биде и место каде што бајкерите ќе можат да испијат кафе по возењето низ улиците на Мексико Сити. Во едниот дел од продавницата е направен и сервис за одржување и поправки на велосипедите.
Овој локал од 85 метри квадратни, има две нивоа заради косиот терен на којшто се наоѓа.
Во предниот дел на продавницата е шанк со високи столчиња над кои се изложени велосипеди за продажба. Внатре во локалот, на горното ниво, се наоѓа дел од кафулето со ниско седење, сервис за велосипеди како и службени простории.
Целата простор е дизајниран во хипстерски стил: необработени бетонски површини, црна челична конструкција, црна табла со мени напишано со креда, видливи инсталации, дрвени елементи.
Заради ваквиот пристап кон клиентите, ова место стана омилен простор на велосипедистите во овој дел од градот, иако е отворено само пред една година.