Насловна / Вести / Хиперсоничен авион кој ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Хиперсоничен авион кој ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Швајцарската компанија Destinus развива патнички авион на водороден погон, кој ќе го намали втреметраењето на летот помеѓу Европа и Австралија на само 4 часа.  Destinus го тестира авионот веќе две години, а успешните летови ги потврди кон крајот на 2022 година. Сега шпанското министерство за наука ја избрало Destinus да учествува во една стратешка иницијатива и обезбедило средства за истражување и развој на суперсонични летови со користење на водород како гориво.

destinius1

На проектот вреден 12 милиони евра работат компании, технолошки центри и шпански универзитети, а Destinus соработува и со шпанската компанија за производство на мотори ITP Aero, на изградбата на постројка за тестирање на водородни мотори. Шпанската влада ќе ја финансира изградбата на тест постројка во близината на Мадриц, додека вториот проект вреден 15 милиони евра ќе биде фокусиран на користењето на течен водород.

destinius2

Destinus тврди дека нивната технологија ќе овозможи летот од Франкфурт до Сиднеј да трае само 4 часа и 15 минути, а летот од Франкфурт до Шангај само 2 часа и 45 минути. Проектот е дел од напорите на Шпанија да биде прва во развојот и производството на возила на база на водород, наменети за различни видови на сообраќај.

Испрати коментар

Scroll To Top