Hyperloop Transportation Technologies (HyperloopTT) ги објави плановите за комерцијален хиперлуп систем за главниот град на ОАЕ, Абу Даби. Се планира проектот да биде целосно готов на време за изложбата „Expo 2020“, која ќе се одржува во близина на Дубаи.
Поради акцентот на футурустичките технологии, не изненадува тоа што ОАЕ станува средишна точка проектирање на хиперлупови. Пред неколку години Virgin Hyperloop One ја потврди идната сообраќајна врска помеѓу Абу Даби и Дубаи, токму преку првата хиперлуп рута.
Virgin Hyperloop One исто така работи на физибилити студии поврзани со истражувања за користењето на вакви брзи транспортни системи при пренесување на стоки од пристаништата во внатрешноста на земјата. Компанијата исто така има и амбиции за развој на комплетна мрежа која ги поврзува градовите на Блискиот исток. Ова би вклучило 12 минутна врска помеѓу Абу Даби и Дубаи, кои се на растојание од 139km, односно час и половина возење со автомобил.
HyperloopTT има потпишано спогодба со локалниот изведувач Aldar Propertiesom во врска со почетокот на изведбата. Планот е најпрво да се започне со поставување на цевки во должина од 10km во Абу Даби, во близина на локацијата каде ќе се одржува „Expo 2020“ и во близина на меѓународниот аеродром Al Maktoum.
Компанијата се надева дека на крајот овој проект ќе се прошири, со цел да се овозможи поврзување и на Ријад во Саудиска Арабија, што е растојание од речиси 1.000km. Не е предложена временска рамка кога ова би можело да се реализира, но од компанијата се надеваат дека првиот дел ќе биде во функција за „Expo 2020“.