Насловна / Архитектура / Хиперболични вертикални „пештери“ ги реинтерпретираат изворните домови

Хиперболични вертикални „пештери“ ги реинтерпретираат изворните домови

Девет хиперболични вертикални „пештери“ се активирани со мрежа од дрвени мостови во руралната област Zhangjiakou, Кина.

Проектот, наречен Grotto Retreat Xiyaotou, проектиран е од бирото А () VOID, како дел од плановите за ревитализација на селото Xiyaotou.

3_resize

Селото Xiyaotou, познато по сечење хартија, обработка на дрво и „огнени дрвја и сребрени цвеќиња“, има повеќе од 100 села во шуплини, кои имаат значајно културно наследство.

The Fortune Art (FA) Homestay го избра селото Xiyaotou за да ја ревитализира областа, како почеток на ублажување на сиромаштијата во селото, во кое процесот на ревитализација започна во 2018 година.

Селото е претворено во заеднички земјоделски фарми, а целта е на локалните селени да им се овозможи приход преку сместување, локални услуги од хране и активности.

1_resize

„Шупливо село“ е вообичаен феномен во руралните области на Кина, според А () VOID.

„Локалното население од целото село се пресели во новите рурални станбени области. Нивните имоти се уште се тука, старите куќи се уништени и никој вистински не го заживува селото”, додава бирото.

A () VOID започнал проектен концепт со кој сакале да се разбие радикалната разлика меѓу руралните и урбаните мрежи. Архитектите ги реинтерпретирале изворните пештерски домови на локацијата како вертикални „пештери“.

9_resize

Осмислиле мрежа на мостови за да создадат врска помеѓу приватните „пештери“, додека проектот се обидува да реализира заедница во која јавното и приватното коегзистираат.

Дрвениот мост е ослонет на скриена решетка, 4 на 6 метри, која е изведена од односот должина-ширина на оригиналните пештерски живеалишта на локацијата.

6_resize

12_resize

Мостот, исто така, делува како клучен во изгледот на структурата на коридорот и го поддржува новиот комплекс згради во духовна смисла.

Комплексот е составен од девет живеалишта кои се расфрлани неправилно по место, додека две од нив се поставени на малку пооддалечено место од другите. До сите живеалишта се пристапува со скали и дрвени платформи.

Овозможено е движење под и над дрвениот мост, а исто така можат да се набљудува  околниот пејзаж и архитектурата на староседелците на округот Yu County.

7_resize

13_resize

За да ги формираат овие вертикални „пештери“, архитектите неправилно ги расфрлале волумените на локацијата, користејќи хиперболични геометрии и разни висини.

Користеле локални материјали и градежни техники за да создадат со локацијата компатибилна конструкција и да останат во рамки на минимален буџет.

4_resize

Висината на плафоните во живеалиштата достигнува 7 метри, па така внатрешноста се капе во дневна светлина и сонце, што ги охрабрува локалните жители да се фокусираат на вертикалноста на единиците.

На единиците поставени се великодушни кровни прозорци кои се темелат на рурален ритам „работа од утро до мрак” и ја изложуваат нивната чувствителност на траекторијата на сонцето.

2_resize

Со оглед на климата во регионот, архитектите ималеза цел да се загреат просторите со оглед на тоа дека три четвртини од областа има температура во просек од 10 степени Целзиусови.

Низ овие кровни прозорци, сончевите зраци влегуваат внатре, а ги чуваат двослојни ѕидови од тула. Во текот на летото, топлината се испушта преку ефект на оџак, настанат во соработка со геометријата.

8_resize

10_resize

15_resize

16_resize

17_resize

18_resize

19_resize 20_resize 21_resize 22_resize

Испрати коментар

Scroll To Top