Насловна / Вести / Хидропанели кои од воздухот создаваат вода

Хидропанели кои од воздухот создаваат вода

Уредот „Рекси“ е дизајниран да може да се монтира на покривот од домот или викендицата каде ќе произведува чиста вода за пиење од пареата од воздухот.

Компанијата со седиште во Аризона, Zero Mass Water, направи уред што прави вода од воздухот. Соларни панели беа претставени овој месец на саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас. Ова енергетско независно решение може да им помогне на многу заедници низ целиот свет каде има недостиг на вода за пиење, но исто така да обезбеди водоснабдување на домовите што се градат на оддалечени места.

paneli

Првите хидропанели претставени во 2017 година користеа соларна енергија за да извлечат вода од заробената пареа. Панелите не бараа електрична енергија или каква било инфраструктура за да функционираат, што значи дека може да се користат и во оддалечените области каде немаше никакви знаци на цивилизација, пишува Designboom.

На саемот CES 2020 беше лансирана надградена верзија наречена „Рекси“ која е наменета за станбена употреба. Покрај тоа што е половина од големината на претходниот хидропанел, овој уред е дизајниран да се монтира на покривот на куќа, зграда или деловен објект каде ќе произведува чиста вода за пиење од пареа.

paneli1

Така, хидропанелите работат на принципот на абсорпција на водена пареа од воздухот врз хигроскопски материјал. Со примена на сончева енергија, водената пареа се влева од материјалот во хидробанелите, зголемувајќи ја релативната влажност на кондензационата пареа. Хигроскопскиот материјал привлекува само молекули на вода, што резултира во чиста вода за пиење.

Zero Mass Water Innovation ја освои наградата за иновации во 2019 година од престижниот универзитет МИТ.

Нарачките за „Рекси“ веќе се почнати, првите пратки се очекуваат во Америка летово. Цената на уредот е 2.500 долари.

paneli2

Испрати коментар

Scroll To Top